Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но дадовме целосна поддршка
Македонија

Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но дадовме целосна поддршка

26/07/2025

AA

Министерот за спорт, Борко Ристовски, изјави дека Министерството за спорт и Владата на Република Северна Македонија дале целосна логистичка и финансиска поддршка за одржувањето на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, но не се организатори на настанот.

„Вложивме над еден милион евра за поддршка на фестивалот, но тоа беше исклучиво врз основа на барањата кои ни беа доставени од организаторите – Македонскиот олимписки комитет и Град Скопје. Немаме апсолутно никаква инволвираност во организацијата, ниту може да имаме затоа што не сме организатори“, рече Ристовски во интервју за Дневникот на МТВ.

Тој објасни дека државата, покрај финансиската поддршка, ставила на располагање и сместувачки капацитети во студентските домови, како и други ресурси.

„Обезбедивме 50 автобуси, 150 нови кревети, кетеринг за дел од делегациите и ги отстапивме без надомест државните објекти. Сè што беше побарано – го исполнивме. Но, организацијата како таква не беше наша обврска“, нагласи министерот.

Во јавноста изминативе денови се појавија бројни критики за организациските пропусти на фестивалот, но Ристовски посочи дека тие најчесто се упатуваат на погрешна адреса.

„Организацијата е доделена пред две години, без обврска од тогашната или сегашната Влада да го финансира или преземе во целост настанот. Ние како институција се најдовме во веќе поставена ситуација и помогнавме со сè што беше во наша надлежност“, истакна тој.

Министерот додаде дека ваков тип на спортски настани бараат долгогодишна и прецизна подготовка, а не импровизации во последен момент.

„Во последните два месеци правиме сѐ што можеме да ги закрпиме дупките што ги оставија организаторите. Јас лично укажав дека сите делегации треба да бидат сместени во хотели, а не во студентски домови, но немавме влијание врз тие одлуки“, рече Ристовски.

Сепак, министерот подвлече дека ваков меѓународен настан е шанса за промоција на македонскиот спорт и младите спортисти.

„Ова е огромна можност – со учество на рекордни 181 македонски спортист во сите 15 дисциплини. Тоа мора да остане како главна придобивка од фестивалот, без оглед на пропустите“, изјави Ристовски.

Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025 се одржува од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово, со учество на повеќе од 4000 спортисти од 49 земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy