Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница
Економија

РИСТЕСКИ СЕ ЗАКАНИ: Ќе има мерки, ако маркетите не ги додадат сите производи од новогодишната кошница

27/12/2024

AA

Доколку до крајот на денот, сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница не ги додадат основните прехранбени производи, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање дали се додадени основните производи во новогодишната кошничка.

Според Ристески, дел од маркетите се одзвале и веќе ги вклучиле основните прехранбени продукти во новогодишната кошница меѓу кои јајцата, маслото за јадење, шеќерот, млечните и месните производи.

– По укажувањето на Владата и на Министерството за економија и труд до сите трговци на мало, односно маркети да вклучат и дополнителни, основни прехранбени производи кои не беа влезени во кошницата да бидат намалени, меѓутоа им беа покачени цените, гледам дека се одзваа голем број маркети со дополнителни производи, па имаме околу 50 прехранбени производи, како млечни производи, односно сирење кашкавал, месо, месни производи, па масло, јајца, кафе, шеќер и така натаму. Со ова, мислам дека уште повеќе се комплетира новогодишната кошничка, изјави Ристески, кој денеска ги посети дневните центри во Прилеп, за лицата со церебрална парализа и Дневниот центар за лица со попречености „Ѕуница“. 

Тој нагласи дека до крајот на денот ќе се чека сите маркети вклучени во акцијата да ги стават основните производи со попуст од барем 10 проценти. Доколку не го направат тоа, најави, ќе има непопуларни владини мерки и одлуки.

– Пазарната инспекција ќе биде нон-стоп на терен. И доколку до крајот на денот тоа не се случи во сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните во овој период околу Нова Година и празниците, изјави Ристески.

Според заменик – министерот за економија и труд првите денови со примената на мерката за новогодишната кошница, имаше намалување на цените на повеќе од 1100 производи, опфатени со акцијата, со најмалку 10 проценти. 

– Но, за разлика од нив имавме покачување на други основни производи кои не беа влезени во новогодишната кошница. Сега и тие производи се додадени и затоа анализата на крајот на денот ќе покаже дали Владата ќе оди или не со мерки, рече Марјан Ристески, заменик министерот за економија и труд.

Тој се надева дека по новогодишната кошничка, резултатот според статистиките ќе биде во корист на заштедата во буџетот на просечното македонско семејство. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41498
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ Е ОДАМНА ЗАСЛУЖЕНО Порака на

15/02/2026

За нас членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслуживме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy