Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Револт кај семејствата на жртвите од Модуларната болница: Меморијалниот парк е наша иницијатива, политичарите да не прават предизборна церемонија
Македонија

Револт кај семејствата на жртвите од Модуларната болница: Меморијалниот парк е наша иницијатива, политичарите да не прават предизборна церемонија

31/07/2025

AA

Изградбата на спомен парк за 14-те жртви од модуларната болница во Тетово ги револтираше семејствата на жртвите. Мумин Исмаили вели дека иницијативата била нивна, а нивното барање до Министерството за здравство било меморијалниот парк да се изгради на местото каде што беше модуларната болница, а не на друга локација. Според него, вчерашните изјави биле за политички поени и тој апелира до функционерите овој случај да не се злоупотребува.

„Иницијативата за меморијалниот парк беше наша, на семејствата на жртвите. Преку медиумите го слушнав и Биљал Касами и министерот за здравство Алиу дека иницијативата дошла од Министерството за здравство. Ние имавме состанок и со министерот за здравство, и до општината доставивме барање за меморијал за жртвите од модуларната болница. Тоа што тие велат дека иницијативата е нивна – тоа не е вистина. Местото каде што ќе биде меморијалот беше определено, и министерот за здравство и градоначалникот слушнаа каде треба да биде. Не таму каде што вчера излегоа, туку на местото каде што беше модуларната болница. За нас, семејствата, ова беше предизборна церемонија – за да се покаже ‘ето направивме нешто за 14-те жртви што изгореа’, но за нас тоа е смешно.“, порача Мумин Исмаили.

Општина Тетово денеска на совет усвои измени на деталниот урбанистички план за поставување на споменикот. Градоначалникот Касами вели дека не е информиран дека според семејствата меморијалот треба да биде на местото каде што беше модуларната болница, но тврди дека барањето дошло од министерството.

„Јас знам дека Министерството за здравство иницијативата ја направи заедно со семејствата. Ако има вакви отстапувања, ќе бидам во контакт и со министерот и со семејствата за да го разјасниме тоа. Инаку, уште еднаш кажувам дека идејата за меморијалниот парк беше координирана со семејствата.“, вели Биљал Касами.

Вчера министерот за здравство заедно со вицепремиерот Азир Алиу, како и пратеници од владината коалиција, оддадоа почит на местото каде што треба да се изгради меморијален парк. Локацијата е близу до местото каде што беше модуларната болница, а на самото место каде што беше болницата сега има паркинг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy