Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕТКА СУПЕРМОЌНА ОЛУЈА СО ГРАД ГО УНИШТИ ВРБАС: Луѓе се здобија со исекотини и скршеници, дупки по фасадите како од митралез
Регион

РЕТКА СУПЕРМОЌНА ОЛУЈА СО ГРАД ГО УНИШТИ ВРБАС: Луѓе се здобија со исекотини и скршеници, дупки по фасадите како од митралез

14/07/2023

AA

Итната помош во Врбас синоќа интервенирала 51 пати поради последиците од град,
потврдија за Еуроњуз Србија. Екипите
укажаа помоѓ за лицата кои за време на врнежите се најдоа на улица, а
кои се здобија со расекотини од последиците од град, скршеници на рацете и
нозете. Едно лице е згрижено поради последици од удар на гром, а повредени се и
голем број деца. За среќа, никој
не е во животна опасност.

Метеорологот на Еуроњус Србија, Милена Лазаревиќ објаснува
дека синоќешното силно невреме кое зафати делови од Војводина е резултат на
студен фронт, но и на фасцинантен феномен кој е многу редок во овие региони – суперклеточен облак.

„Веќе околу пладне, студен фронт се спушти од правец на
Унгарија и Хрватска, кој во допир со нашата прегреана почва предизвика бурни
процеси“, објаснува Лазаревиќ.

При формирањето на ваквите облаци, индексот на нестабилност,
односно комбинацијата на влага и топлина, е доста висок.

„Колку воздухот е потопол, толку повеќе влага може да прими,
а таквата комбинација е поттик за формирање на такви облаци.

Облаците Supercell, освен нивниот фасцинантен изглед, се
карактеризираат со силни нагорни струи кои ротираат во облакот.

Još jedan video iz Vrbasa
Deluje apokaliptično.
Ig pic.twitter.com/TNrAkG7Aup

— Patogeni puding (@PatogeniP) July 13, 2023

Суперклеточните
облаци можат да се протегаат на десетици, па дури и стотици километри бидејќи
се екстремно големи и во хоризонтална и во вертикална насока. Тие „изгаснуваат“
кога ќе им снема енергија, односно кога ќе се намали индексот на нестабилност.

„Создавањето на суперклеточни бури е ретка појава во нашиот
регион, тие најмногу се јавуваат на тропски географски широчини кои освен со
топлина се богати и со водена пареа“, истакнува Лазаревиќ и продолжува:

„За метеоролозите тие претставуваат посебен предизвик
бидејќи нивното време и локација се навистина тешки и речиси невозможно да се
предвидат.

Градот ги осакати посевите

Во Сомбор врнеше дожд, придружен со грмежи и слаб ветер,
додека во Апатина десет минути паѓаше град со големина на помал орев. Но,
најлошо претрпе градот Врбас и неговата околина, каде беше причинета и голема
материјална штета.

„Ни пукнаа ролетните и ни се сруши дел од фасадата, дури и
пукнаа цевките на соседите, а речиси и да нема куќа или автомобил што не е
оштетен“, вели жител на Врбас во изјава за Еуроњуз Србија.

ФОТО: FB/Vojvodina Uživo

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy