
Рекорден буџет за одбраната во 2026: 358 милиони евра за модерна Армија и вработување на 300 нови војници
Македонската одбрана во 2026 година ќе располага со буџет од 358 милиони евра. Ова го соопшти министерот Владо Мисајловски на денешниот брифинг со одбранбените аташеи, најавувајќи продолжување на модернизацијата и значително подмладување на армискиот состав.
Според министерот, буџетот за следната година е за 8,4% повисок од овогодинешниот, што значи дека во касата на одбраната ќе се слеат дополнителни 27,7 милиони евра.
Клучен приоритет останува модернизацијата. За оваа намена во 2026 година се издвоени 116 милиони евра (10 милиони повеќе од годинава). Фокусот ќе биде ставен на:
Мисајловски најави и процес на подмладување на редовите на Армијата.
Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, се заблагодари на странските аташеи за поддршката, оценувајќи дека партнерството придонесува кон градење трајни односи засновани на меѓусебна почит.

