Реката Вардар се излеа кај скопско Зелениково – постои опасност од поплавување
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку бројот за итни повици 112 добиле дојава од лице вработено во Општината Зелениково дека реката Вардар се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите.
Од таму известуваат дека за справување со поплавата немаат сили и средства за да се справат со поплавата доколку таа настане.
Од страна на ЦУК известени се ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност.