Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Референт на „Национални шуми“ земал пари за дозвола за сеча на дрвја
Магазин

Референт на „Национални шуми“ земал пари за дозвола за сеча на дрвја

08/11/2024

AA

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Како што соопшти МВР, пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва.

Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето, стои во соопштението.

На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.

Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанка со тврд предмет си го нападнала синот!

14/02/2026
Македонија

Скопјанец нападнат додека бил со девојката: Насилникот му се заканувал

14/02/2026
Македонија

Маж со тупаници ја тепал својата бремена девојка – тргнале

14/02/2026
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ДО ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

АЛАРМ ЗА НЕВРЕМЕ: Можни поројни поплави, подгответе се за силни

14/02/2026
Македонија

Седумнаесетгодишната Ела е на интензивна нега, состојбата е сè уште

14/02/2026
Македонија

Јавен обвинител врши увид во Челопек каде е пронајдено безживотно

14/02/2026
Македонија

Инциденти по елиминацијата на Пелистер: Чкембари направиле нереди на патот

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41456
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопјанка со тврд предмет си го нападнала синот!

14/02/2026

На 12.02.2026 во 18:30 часот во Полициска станица Кисела Вода извршен е службен разговор со 44-годишна жена од скопско, постапувајќи

Скопјанец нападнат додека бил со девојката: Насилникот му се заканувал и со пиштол

14/02/2026

На 14.02.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, О.А.(31) од с.Сарај, скопско, пријави дека на 13.02.2026 околу 23:20 часот пред

Маж со тупаници ја тепал својата бремена девојка – тргнале кон Гинекологија, на семафори избегала

14/02/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy