Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Редици на родители со деца на вакциналните пунктови за имунизација од голема кашлица
Македонија

Редици на родители со деца на вакциналните пунктови за имунизација од голема кашлица

10/02/2024

AA

Без потврда за примена вакцина која штити од голема кашлица од понеделник нема да се згрижуваат деца во градинка . ова известување испратено до родителите, но и стравот од ширење на болеста направи редици пред вакциналните пунктови. Најчесто се имунизираа деца на 3, 4, па и петгодишна возраст што ја пропуштиле ревакцината на 18 месеци.

„Беше болна, сега дојдовме на ревакцинација. Не е сериозно со големата кашлица, но до ова дојдовме поради таканаречените антиваксери -пропуштена е вакцината, сега ќе ја прими“.

„Ја имаме пропуштено вакцината затоа што ни се поклопи со претходната вакцина, а кога беше време за оваа вакцина имаа сипаници. да, оди во градинка, веќе имаше известување во групите во кои комуницираме на вибер“.

утрово за три часа во пунктовите „јане сандански“ и во „букурешт“аплицирани се приближно 100 вакцини . по имнузацијата родителите бараат потврда, меѓу нив има и родители кои досега воопшто не ги однеле децата на вакцинација. педијатрите алармираат дека имунизацијата е единствена мерка за да се спречи епидемија

„Ова се вонредни дечиња, гледате поголеми се од три години и се повеќе од 80 проценти од вкупниот број на деца. според редовниот календар за имунизација, вакцинацијата во претшколска возраст завршува на 18 месеци. имавме и такви кои ни бараа потврди за во градинка од родилиште . 4 или 5-годишни деца кои бараат потврди од родилиште, таков документ не издаваме од причина што тоа дете ниту се води со картон, ниту сме го виделе и прегледале“, изјави д-р Сања Цилевска Младеновска – вакцинален пункт „Букурешт“.

„Најмногу доаѓаат за дифтерија тетанус и пертусис вакцината, односно да ги надоместат пропуштените дози“, изјави д-р Даниела Марковска – вакцинален пункт „Јане сандански“.

Од почетокот на годинава бројот на заболени од голема кашлица достигна 26 случаи, според лекарите бројката е поголема. Се уште нема одлука за прогласување епидемија на територијата на главниот град. Од понеделник вакциналните пунктови продолжуваат да имунизираат во две смени.

Намалениот опфат на имунизација е причината за појавата на големата кашлица . лекарите велат станува збор за сериозна бактериска инфекција која може да предизвика компликации, па дури и смрт, најопасна е за бебињата.

 

 

Андријана Ѓурчевска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СОМНЕВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА

18/10/2026
Македонија

ЖИТЕЛ НА ЈЕЛОВЈАНЕ ПРОВАЛИЛ ВО ТРИ ЏАМИИ ВО ТЕТОВО ЗА

18/10/2026
Македонија

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице

18/10/2026
Македонија

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА

18/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното

18/10/2026
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46231
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР СЕ СОМНЕВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА Бугарија не

18/10/2026

Бугарскиот амбасадор во Македонија Жељазко Радуков се сомнева дека македонските власти не знаеле дека Ива Михаилова ќе ја напушти Македонија.

ЖИТЕЛ НА ЈЕЛОВЈАНЕ ПРОВАЛИЛ ВО ТРИ ЏАМИИ ВО ТЕТОВО ЗА ДА КРАДЕ Полицијата го уапси

18/10/2026

Тетовската полиција го уапси 35-годишниот Д.С. (35) од селото Јеловјане, под сомнение за кражба во 3 џамии во Тетово. „На

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице место

18/10/2026

Маж од Гостивар синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа во селото Долна Бањица. „На 17.10.2026 година во 22:55 часот, во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy