Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Речиси 5 тони кокаин запленети во водите на Мартиник: Операцијата е поврзана со убиството на Србин и Македонец во Боливија
Македонија

Речиси 5 тони кокаин запленети во водите на Мартиник: Операцијата е поврзана со убиството на Србин и Македонец во Боливија

18/08/2025

AA

Во голема меѓународна акција спроведена во јули, припадници на Министерството за внатрешни работи на Македонија – Управата за криминалистичка полиција (УКП) и Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), во соработка со повеќе партнерски служби, запленија 4,8 тони кокаин во водите на Мартиник, Франција.

Операцијата се одвиваше заедно со американската DEA, Заедничката меѓуагенциска работна група Југ (JIATF-S), како и Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA), а координацијата беше обезбедена преку Центарот за поморска анализа и операции – наркотици (MAOC-N) и француската морнарица.

При претрес на бродот „GALEXYR“ – специјализиран реморкер долг 76 метри, наменет за транспорт на цемент – пронајдени се 4.841 килограм кокаин, спакувани во 153 бали. На пловилото биле затекнати 11 лица, претежно државјани на Хрватска и Црна Гора, како и 41-годишниот В. Ѓ. од Србија, кој е уапсен и се наоѓа во притвор.

Според истражните органи, В. Ѓ. е член на т.н. „Балкански картел“ и стои зад компанијата „VTS-Maritime Counsalting DOO“, регистрирана за регрутирање морнари за прекуокеански бродови. Тој поседува и лиценци за управување со повеќе видови пловни објекти.

Истрагата покажува можни врски помеѓу оваа рекордна пратка дрога и неодамнешното тројно убиство во Боливија, при што загинаа членови на „Балканскиот картел“, меѓу кои државјани на Србија, Северна Македонија и Хрватска.

Од СБПОК порачуваат дека акцијата претставува сериозен удар за меѓународните криминални структури и најавуваат продолжување на заедничките активности со партнерските служби во Србија, Европа и пошироко, со цел искоренување на организираниот криминал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy