
РЕАКЦИЈА ОД „ОРКА ХОЛДИНГ“: Демантираме дека имаме каков било партнерски однос со „Бест веј“ и семејството Мијалкови
Во врска со денешниот текст на порталот Фактор „Мијалков сака да се врати во бизнисот со ‚ЗК Пелагонија’ и ‚Здравје Радово’“, од ОРКА Холдинг денеска се огласија со демант на оваа информација.
Имено, од Орка Холдинг демантираат дека имаат каков било партнерски однос со „Бест веј“ или со семејството Мијалкови.
„Уделот на ‚Бест веј’ е продаден на фирма поврзана со семејството на Цветан Панделевски, меѓутоа поради манипулации на акционерите во ‚ЗК Пелагонија’ која има за цел преземање на комбинатот, таа купопродажба на акции не е заведена во Централниот регистар веќе пет години“, објаснуваат од ОРКА Холдинг.
Од ОРКА Холдинг за Фактор уште еднаш потенцираат дека компанијата нема никаква допирна точка со фирмата „Бест веј“.