РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па уште едно лице

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат кон селото, во патничко возило „голф“ било пронајдено повредено куче, при што биле приведени три лица.
Потоа, на 11 април, околу 15 часот на местото викано Бунариште бил уапсен 38-годишниот С.Р.
„Лицето се сомничи за кривично дело мачење животни – соопштија од полицијата.
Полицијата го расчистува случајот. Осомничениот е задржан во полициска станица.
.