Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „РАЗЛИКАТА МЕЃУ ЛУКАШЕНКО И ВУЧИЌ Е САМО ВО ФРИЗУРАТА И МУСТАЌИТЕ“: Џилас им напиша писмо на европските социјалисти
Регион

„РАЗЛИКАТА МЕЃУ ЛУКАШЕНКО И ВУЧИЌ Е САМО ВО ФРИЗУРАТА И МУСТАЌИТЕ“: Џилас им напиша писмо на европските социјалисти

08/01/2024

AA

Лидерот на
Партијата за слобода и правда, Драган Џилас, испрати писмо до претседателството
на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и претседателот Стефан Лофвен, во
врска со писмото на Ана Брнабиќ, која во своето писмо се обиде, како што вели,
да ја скрие изборната кражба, да ги игнорира доказите за злоупотреби и да ги
омаловажи меѓународните набљудувачи и наводите во нивните изјави.

На почетокот на
своето писмо, Џилас ги истакна клучните точки од писмото кои укажуваат на
неправилности. Тој потсети на изјавата на Алберт Џонсон, шеф на мисијата за
набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, кој изјави дека изборите во Србија биле
нефер и одбележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавни ресурси,
медиумска доминација на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и негативни
кампањи и ширење страв.

Меѓу сериозните
нерегуларности, Џонсон го истакна купувањето гласови и носењето гласачи од
други земји да гласаат на изборите во Белград.

Џилас ја наведе и
изјавата на Стефан Шенах, шеф на набљудувачката мисија на Советот на Европа.

„Тоа не беа фер
избори. Тие беа нечесни. Можам да ја повторам формулацијата на ОБСЕ – изборите
беа нефер. Како политичар можам да кажам дека победата во Белград ѝ е украдена
на опозицијата. Ги критикувавме изборите во Турција, Македонија, воопшто на
Балканот, но такви избори досега немаше“, рече Шенах.

„Брнабиќ во писмото не ја вклучила изјавата за
руските служби“

„Овие, почитуван
претседателе Лофвен и почитувани членови на Претседателството на ПЕС, се само
дел од цитатите на членовите на мисиите на ОДИХР, Советот на Европа и
Европскиот парламент за изборите, кои премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели Џилас
во писмото до ПЕС, биле „најтемелно следени во историјата на Србија, а биле идентификувани
само 13 сериозни неправилности, што е приближно 1,07 отсто од вкупниот број
набљудувани избирачки места. Г-ѓа Брнабиќ во писмото не ја вклучила својата
изјава од 25 декември 2023 година, во која вели, цитирам: „Веројатно нема да
биде популарно кај оние од Западот, но чувствувам дека е важно да се залагаме
за Србија и благодарам на руските безбедносни служби за информациите што ни ги
споделија за протестите на опозицијата“. Премиерката Брнабиќ не го спомна
фактот дека утрото по протестот во Белград, кога полицијата употреби непотребна
сила и уапси повеќе од 50 демонстранти, меѓу кои имаше и многу средношколци и
студенти, српскиот претседател Александар Вучиќ имаше средба со рускиот амбасадор
Боцан Харченко. По таа средба, Харченко изјави дека Александар Вучиќ го
информирал дека Западот стои зад протестите на опозицијата“, наведува Џилас во
писмото.

„Србија се повеќе потсетува на Белорусија“

Србија денес сè
повеќе потсетува на Белорусија, малку подемократска и слободна, исто колку што
ни го овозможува тоа нејзината географска положба. Разликата меѓу г-дин
Лукашенко и Вучиќ е само во косата и мустаќите. Се друго е исто. Александар
Вучиќ за 365 дена точно 300 пати гостувал на телевизија со национална
фреквенција. Опозицијата речиси никогаш. Во предизборната кампања тој однос
стана уште полош, па Александар Вучиќ беше на седум телевизии само последниот
ден од кампањата“, додаде тој.

Тој рече дека во
последните три часа пред изборниот молк, Вучиќ бил гостин на најгледаната
приватна телевизија ТВ Пинк со десетици музичари, актери, спортисти,
новинари…

Што се однесува
до рекламирањето, владејачката партија, напиша Џилас, потрошила седум милиони
евра на платено време, а опозицијата 200.000 евра.

Според Џилас, на
луѓето во Србија кои ја поддржуваат опозицијата децата им се исфрлаат од градинка,
остануваат без работа, им се палат автомобилите…

ФОТО: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45883
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации, под лупа и полицајци

30/09/2026

Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy