
Ратклиф ќе купи 25 проценти од Јунајтед и ќе го води фудбалскиот дел од клубот!
Според договорот со Глејзерс, Ратклиф ќе купи 25 проценти од Манчестер јунајтед во наредните денови и ќе го преземе раководењето со фудбалските операции.
Тоа значи дека тој ќе стане ко-сопственик на клубот и ќе одлучува за кој да биде тренер, кој спортски директор и слично.
Останатите, претежно бизнис операции во Манчестер јунајтед ќе остане да ги водат Глејзерс.
Претходно стигна информацијата дека шеикот Јасим се повлекол од намерата да го купи Манчестер јунајтед.

