Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Расекотината била долга 11 и длабока пет сантиметри: Предложен притвор за Велештанецот за напад на началникот на ОВР Струга
Магазин

Расекотината била долга 11 и длабока пет сантиметри: Предложен притвор за Велештанецот за напад на началникот на ОВР Струга

29/07/2023

AA

Основното јавно обвинителство Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство, според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое врши јавни овластувања – началник на ОВР Струга. Додека оштетениот бил во својот автомобил, осомничениот го престигнал во близина на Медицинскиот центар во Струга и паркирал паралелно со него. Најпрвин започнал да му вика и да му се заканува дека ќе го убие со пиштол, обвинувајќи го началникот дека постојано испраќал полициски службеници да го следат. Оштетениот излегол од возилото и меѓу нив настанала кратка физичка пресметка, по што ги раздвоиле случајни минувачи.

-Оштетениот влегол во автомобилот за да повика полиција, но во тој момент осомничениот го препаркирал возилото зад него, излегол со нож во раката и му нанел расекотина под долната вилица кон вратот, со должина од 11 и со длабочина од 5 сантиметри. Веднаш потоа избегал од местото на настанот, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, можност да влијае врз оштетениот и сведоците, како и да го доврши обиденото кривично дело.

Инаку, во претходо соопштение од МВР, беше посочено дека 44 годишен жител на струшкото село Велешта е приведен по напад на началникот на Полициската станица во Струга.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy