
Ранет фаворитот на Москва на чело на марионетскиот режим во Киев
Поранешниот украински парламентарец Олег Царјов, проруска личност за кој некои извори велат дека требало да ја води, по одлука на Москва, марионетската администрација во Киев по руската инвазија, според Ројтерс, според семејството, бил ранет со истрел од огнено оружје.
„Тој беше застрелан двапати на полноќ во неговиот дом. Кога пристигнала брзата помош, Олег не бил свесен и изгубил многу крв“, се вели во соопштението.
Владимир Рогов, официјален претставник во јужна Украина назначен од Русија, рече дека Царјов е на интензивна нега во болницата.
Руските медиуми, како што пренесува Ројтерс, јавуваат дека нападот се случил на Јалта на Крим, полуостров кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година. Се додава дека не се знае кој стои зад нападот ниту дали мотивот бил од криминален или политички карактер.
Сопственик на хотел и пратеник во Собранието
Тројца извори запознаени со плановите на Русија по инвазијата, изјавија за Ројтерс минатата година дека Москва има намера да го постави Царев на чело на марионетската влада во Киев, доколку нејзиниот план за соборување на претседателот Володимир Зеленски во раните денови на февруари 2022 година успее.
Царјов потоа рече дека наводите на Ројтерс „маат малку допир со реалноста“.
Инаку, Царјов поседува хотели на Крим, а претходно беше пратеник во Парламентот на Украина и претседател на парламентот на „Новоросија“, движење кое настана откако проруските сепаратисти прогласија отцепување од Украина во 2014 година и почнаа да се борат против Украинските сили.
Таа е под санкции на Украина, Соединетите Американски Држави и неколку други западни земји.

