Радост во храмот: Италијанските монаси се „степаа“ меѓу себе со снежни топки
Во италијанскиот град Асизи падна снег, а локалните монаси од фрањевскиот ред решија да уживаат во него.
Во дворот на папската базилика „Свети Франциско Асишки“ организирале тепачка со снежни топки и направиле снешко.
„Драги браќа и сестри, нашата сестра Сноу пристигна во Асизи и го претвори во многу убав град“, коментира монахот Рафаел Нормандо, цитиран од Ројтерс.
Асизи е позната по убавината на својата базилика, која станува место за богослужба за верниците, но и посебно катче за уметници и студенти по историја на уметност, бидејќи во неа се чуваат фрески од сликарот Џото и други уметници, кои се распространети на 10.000 квадратни метри.
Обилни снежни врнежи паднаа над Апенините за време на викендот. Создаде прекрасни живописни пејсажи, но и предизвика непријатности кај населението оставајќи ги блокираните патишта и затворањето на училиштата.