Радев: Ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ
Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев денеска со нови укажувања за нашата земја поврзани со најавите за забрана за влез во земајва, но без осуда на изјавата на Европратеникот Ангел Џамбаски.
– Веќе не е доволно институциите на РСМ да докажат дека не се дел од антибугарската кампања. Крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања – рече претседателот Румен Радев по повод говорот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој посочи дека е можна забрана за влез во земјата на бугарски европратеник и други граѓани на Бугарија.
Радев, пак, потсети на неговиот став дека правата на македонските Бугари треба да се заштитат во Уставот на земјата и дека тоа треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите.
– РСМ не ги ни почна преговорите. Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што ќе се водат овие преговори – посочи претседателот и додаде дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ.
Претходно Џамбаски провокативно преку социјалните мрежи му возврати на претседателот Стево Пендаровски за предлогот за забрана за влез на бугарскиот политичар во земјава. Според Џамбаски, забраната нема да ја избрише вистината дека Македонија била и е бугарска.