Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Работодавачите нема да плаќаат придонеси за зголемувањето, но ќе плаќаат данок на личен доход“: Лукаревска за новиот предлог на СДСМ за раст на платите
Економија

„Работодавачите нема да плаќаат придонеси за зголемувањето, но ќе плаќаат данок на личен доход“: Лукаревска за новиот предлог на СДСМ за раст на платите

03/03/2025

AA

Пратеничката од редовите на СДСМ, и поранешна директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска најави дека пратениците од редовите на СДСМ ќе поднесат закон зголемување на платите на работниците, без обврска за плаќање на придонесите. 

– Се соочуваме со реален проблем – платите во Македонија се уште се ниски, а трошоците за живот постојано растат. Работниците се борат да врзат крај со крај, а многу од нив размислуваат да ја напуштат државата во потрага по подобри услови. Од друга страна, и работодавачите сакаат да ги зголемат платите, но честопати не можат поради високите придонеси кои мора да ги плаќаат.

Затоа, пратеничката група на СДСМ предлага законско решение кое ќе им помогне и на работниците и на компаниите, а ќе обезбеди и дополнителни приходи во буџетот. Денес ќе го образложам законот и клучните аспекти за тоа како би функционирал тој – кажа Лукаревска на пресконференцијата. 

Таа дополни, дека со законот кој СДСМ ќе го достави во Собранието работодавачите во приватниот сектор ќе можат да ги зголемат платите на своите вработени за износ од 3.000 до 15.000 денари, без да мора да плаќаат придонеси за тој зголемен дел.

– Придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување се замрзнуваат на просекот од последните три исплатени плати на работникот.

Ова замрзнување важи во период од една година, што значи дека работодавачите нема да имаат дополнителен финансиски товар при зголемување на платите.

За работници за кои компаниите исплаќаат нето плата која не е повисока од 65.380 денари. Вакви работници има околу 400.000 кои би можеле да добијат повисоки примања без зголемени трошоци за компаниите – истакна Лукаревска. 

Таа дополи дека „ако просечното зголемување на платата биде 7.500 денари за 400.000 вработени, тогаш вкупното покачување на платите на национално ниво би било 585 милиони евра“.

Воедно Лукаревска појасни дека 400.000 работници × 7.500 денари во просек × 12 месеци = 36 милијарди денари или 585 милиони евра дополнителен приход за граѓаните годишно.

– Иако работодавачите нема да плаќаат придонеси за ова зголемување, тие сè уште ќе плаќаат данок на личен доход (10 отсто), што значи дека во државниот буџет ќе се слеат 58,5 милиони евра дополнителни приходи од данок на личен доход.

Што значи ова во реалноста?

– Работниците добиваат поголеми плати, што значи повисок животен стандард.
– Компаниите не се оптоваруваат со дополнителни трошоци, што ги охрабрува да инвестираат во своите вработени.
– Државата добива повисоки приходи, без да воведе нови даноци или да зголеми буџетски трошоци.
Оваа мерка е паметна, правична и издржана. Го поттикнува растот на платите, ја зајакнува економијата и создава стабилност и сигурност за работниците и компаниите – нагласи Лукаревска и ги повика и останатите пратеници во Собранието, осбоено од владејачкото мнозинство да го поддржат законот. 

Според неа, нема оправдување зошто ова законско решение не би било изгласано, додавајќи дека ова не е политичко прашање – ова е прашање на животниот стандард на граѓаните. 

– Ако власта го одбие овој закон, тоа значи дека свесно се спротивставува на зголемувањето на платите и на подобрувањето на економската состојба.

Очекуваме одговорност, очекуваме поддршка и очекуваме сите пратеници во Собранието да застанат зад интересите на граѓаните.

Платите мора да растат, време е за вистински мерки, а не за празни ветувања! – дополни Лукаревска. 

Фото: СДСМ/веб сајт

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице

18/10/2026
Македонија

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА

18/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното

18/10/2026
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46229
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО АВТОМОБИЛОТ УДРИЛ ВО БЕТОНСКИ ЅИД Гостиварец загина на лице место

18/10/2026

Маж од Гостивар синоќа загина во тешка сообраќајна несреќа во селото Долна Бањица. „На 17.10.2026 година во 22:55 часот, во

И Д-Р БАРБОВ КАЖА ДЕКА МИХАИЛОВА МОЖЕЛА ДА СЕ ЛЕКУВА ВО МАКЕДОНИЈА Потребата за лекување

18/10/2026

  СДСМ како адвокат застана во одбрана на Ива Михаилова, која избега од судски процес поради извештај направен од другарот

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИСТРАГА Д-р Барбов покажа дека работи за криминалното дуо Заев-Филипче

18/10/2026

Дали има нешто во кое не се вмешани Зоран Заев и Венко Филипче, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „За случајот со Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy