
Работнички загуби од Трабзонспор, Барди доби специјален подарок (ФОТО)
Барди не беше дел од овој меч, дуелот го следеше од трибините, но пред почетокот прими дрес од Работнички со неговото презиме на него.


Трабзон поведе во осмата минута со гол на Гомез, а десетина минути подоцна Работнички изедначи на 1-1 со автогол на Чакир.
Во првиот дел гол даде и Бакасетас за нова предност на турскиот тим, а во вториот дел погодија и Елмаил и Дестан за конечни 4-1.

