Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус
Економија

Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус

13/02/2025

AA

Работна средба Узунчев –Рокас: 

ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус 

Капиталните инвестиции во нови производствени капацитети од обновливи извори и предизвиците на патот кон целосна трансформација на зелена енергија беа главни теми  на денешната работна средба помеѓу генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев и евроамбасадорот Михалис Рокас. На состанокот присуствуваа директорот за финансии на АД ЕСМ,  Иван Стојановски, и Александру Албу, раководител на оператива 2 во Делегацијата на Европската Унија во Скопје. 

Узунчев го запозна евроамбасадорот Рокас со плановите на АД ЕСМ за инвестирање во нови производствени капацитети од обновливи извори на енергија, како дел од стратегијата за енергетска транзиција на земјата. Разговарано е за предизвиците со кои се соочува Друштвото, вклучувајќи ги техничките, финансиските и регулаторните аспекти.

Истакната е поддршката на ЕУ, која, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), е стратешки партнер во реализацијата на клучни енергетски проекти.

„АД ЕСМ е активен корисник на грантови преку WBIF, кои претставуваат силна финансиска поддршка за нови производствени капацитети и одржување на постојната техничко-технолошка опрема. Користиме грант од речиси 9 милиони евра кој учествува во вкупната финансиска рамка за  втората фаза од изградбата на ветерниот парк Богданци, чија реализација ја најавивме пред неколку дена.  Подадената рака на ЕУ на патот кон декарбонизација на производните процеси е од клучно значење за зголемување на производното портфолио  на АД ЕСМ со нови електрани од обновливи извори.  На тој начин ќе создадеме платформа за поголема конкурентност на извезените домашни производи  поради адаптација со  регулативата за  јаглеродно гранично прилагодување и ќе ја намалиме увозната зависност на земјава од електрична енергија“, истакна Узунчев.   

Евроамбасадорот Рокас ја истакна поддршката на Европската Унија за енергетската транзиција на Северна Македонија и изрази интерес за понатамошна соработка со АД ЕСМ во овој процес. 

Констатирано е задоволство од досегашната соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје и подготвеност за дополнително продлабочување на партнерството во новиот инвестициски циклус на компанијата.   Оваа средба е уште еден чекор напред во напорите на земјава да ја трансформира својата енергетска инфраструктура и во перспектива да стане зелена енергетска сила во регионот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy