Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 "ОВА Е ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА":Инвеститорите на Волстрит крајно претпазливи
Економија

"ОВА Е ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА":Инвеститорите на Волстрит крајно претпазливи

12/04/2023

AA

Од вчера на Волстрит се тргува претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат премногу ризици пред извештајот за инфлацијата во САД, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот во наредните денови. Dow Jones зајакна за 0,29 отсто, на 33.684 поени, додека S&P 500 остана речиси непроменет, на 4.108 поени, а индексот Nasdaq ослабе за 0,43 отсто, на 12.031 поен.

Најголемата светска берза е претпазлива бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред американскиот извештај за инфлацијата, кој ќе биде објавен во четврток и може значително да влијае на насоката на пазарот. Во анкетата на Ројтерс, аналитичарите проценуваат дека во март потрошувачките цени пораснале за 0,2 отсто на месечно и 5,2 отсто на годишно ниво, што би било значително забавување во споредба со 6 отсто во претходниот месец.

Базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, според проценките би можела да се зголеми за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 5,6 отсто на годишно ниво, што би било мало забрзување од 5,5 отсто еден месец претходно. Тој извештај ќе влијае на очекувањата на инвеститорите за каматните стапки на американската централна банка.

„Ова е затишје пред бура“

Сега на пазарот на пари се проценува дека има 67 отсто шанси ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки за уште 0,25 процентни поени на сесијата во мај, додека минатата недела тие шанси беа помали од 50 отсто.

Во вториот дел од трговската сесија, берзанските индекси вчера значително пораснаа, откако претседателот на филијалата на ФЕД во Чикаго, Остан Гулсби изјави дека централната банка треба да внимава да не ги зголеми каматните стапки премногу агресивно. 

Но, подоцна индексите ги загубија тие добивки. „Ова е мирот пред бурата. Податоците за инфлацијата ќе бидат објавени утре, записниците од последниот состанок на ФЕД наскоро, а потоа ќе следат квартални деловни извештаи од компаниите. Затоа, не е изненадувачки што инвеститорите се претпазливи“, вели Рајан Детрик. стратег во групацијата Карсон.

Раст и на европските берзи

Сезоната за објавување на квартални деловни резултати на компаниите започнува на крајот на неделата, а во петок извештаите ќе ги објават три големи банки – Ситигруп, ЈПМорган Чејс и ВелсФарго, кои би можеле да дадат појасна слика за состојбите во секторот. по колапсот на неколку регионални банки во март.

Според најновите проценки на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 ќе биде за 5,2 отсто помала во првиот квартал во однос на истиот квартал минатата година, додека на почетокот на кварталот аналитичарите очекуваа заработката да порасне за 1,4 отсто.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,57 отсто, на 7.785 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,37 отсто, на 15.655 поени, а париски CAC 0,89 отсто, на 7.390 поени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy