Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин: Зеленски нема шанси да победи на фер избори поради малата поддршка меѓу граѓаните
Македонија

Путин: Зеленски нема шанси да победи на фер избори поради малата поддршка меѓу граѓаните

25/02/2025

AA

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди за политичката иднина на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдејќи дека тој нема „апсолутно никакви шанси“ за реизбор.

Зборувајќи со рускиот новинар и пропагандист Павел Зарубин, Путин истакна дека Зеленски „нема шанси“ да победи на фер избори „поради малата поддршка меѓу граѓаните и политичката ситуација во Украина“. Путин рече дека шансите на Зеленски за реизбор се „нула, освен ако не се направи нешто драстично, односно изборите да бидат наместени, но тоа би било многу лошо за него, бидејќи би било многу забележливо“.

Тој додаде дека актуелниот украински претседател станува „токсична фигура“ за украинските вооружени сили, бидејќи издава „апсурдни наредби кои не се водени од воени, туку од политички мотиви и не е јасно на што се засноваат“.

Откако американските и руските претставници се сретнаа во Саудиска Арабија минатата недела за да разговараат за мир без учество на Украина, американскиот претседател Доналд Трамп го засили притисокот врз Украина да одржи избори како дел од планот за постигнување мир.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Томовски: На 20 јуни завршува обновата на старата Комерцијална банка,

26/05/2026
Македонија

Томовски: Зградата на МРТВ не е кречена 50 години, по

26/05/2026
Македонија

Томовски: Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба, изработуваме проекти

26/05/2026
Македонија

Томовски: Државниот возен парк е срамен, купуваме електрични возила за

26/05/2026
Македонија

Томовски: Владин авион не е луксуз туку потреба, граѓаните мора

26/05/2026
Македонија

Томовски: Службените возила со „црвени таблички“ лесно се препознаваат, граѓаните

26/05/2026
Македонија

Пленковиќ и Мицкоски добија признанија за придонес во регионалната бизнис

26/05/2026
Македонија

Важна промена на патарините: Од 15 јуни лентите за MTAG

26/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43473
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy