
ПУТИН ПОТПИША: Русија го зголеми данокот на добивка
Се зголемуваат даноците во Русија. Претседателот Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидува зголемување на данокот на добивка од 20 на 25 отсто, објавено е денеска на официјалната веб-страница за правни информации. Се очекува дека дополнителната заработка на државата од зголемувањето на корпоративниот данок би можела да биде околу 1,6 трилиони рубљи (17,85 милијарди долари) во 2025 година, пренесе ТАСС.
Дополнителните приходи од 2025 до 2027 година треба да обезбедат за Русија пет трилиони рубљи (55,8 милијарди долари), според финансиската и економската оправданост на документот. Законот предвидува намалување на федералниот данок на инвестиции што овозможува намалување на износот на данокот на добивка. Со оваа уредба се воспоставени и стимулации за малите технолошки компании, пренесува Танјуг. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.