ПУКАЊЕ ВО БУДВА – ЕДНО ЛИЦЕ РАНЕТО! Напаѓачот извадил пиштол и побегнал
Доцна синоќа дошло до престрелка во Будва во Црна Гора, при што едно лице е рането, а како што информира полицијата, напаѓачот е уапсен иако првично се дал во бегство откако пукал во ранетиот.
Како што пренесуваат медиумите, според засега неофицијални информации, Р.А. го застрелал В.Б. од Будва и го ранил во грбот.
По пукањето се обидел да побегне и да се сокрие, но со брзата акција на полицијата бил уапсен.
В.Б. е надвор од животна опасност.
Фото: Принтскрин/Твитер
