Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПУИГ започна со продажба на имот од катните гаражи, деловна просторија има нов сопственик за милион евра
Економија

ПУИГ започна со продажба на имот од катните гаражи, деловна просторија има нов сопственик за милион евра

16/06/2023

AA

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен
простор (поранешен ПУИГ), по објавениот оглас од страна на
претпријатието на 17 ноември 2022 за продажба на деловните простории во катната
гаража „Солунски конгрес“ по пат на електронско јавно наддавање, го продаде ресторанот-видиковец на најгорниот кат за 59,5 милиони денари.

Станува збор за простор со надворешен и внатрешен дел со вкупна површина од 595 метри квадратни од катната гаража што се наоѓа во центарот на Скопје на кејот на реката Вардар до АД МЕПСО. Според тоа, еден метар квадратен е продаден за 1.625 евра.

– По објавен
оглас  за продажба на  два деловни простора во катната гаража
“Солунски конгрес’’со која стопанисува АДИССДП , беше спроведено  електронско јавно наддавање, на кое право на
учество имаат  физички и правни лица кои
согласно условите на објавата  аплицираа за секој деловен простор поединечно.
За едниот од двата простора немаше пријавено заинтересирани лица , а за вториот
аплицираше еден понудувач. Иако согласно  правилата на Законот за продажба и давање под
закуп на деловни згради и деловни простории, сумата која што ќе се постигне на
првата објава, при наддавањата може да девалвира до  30 отсто ,а на наредната  до 50 отсто,  конечната цена беше постигната уште на првата
објава и  таа изнесува  59.516.202,оо денари., гласи одговорот кој го добивме од акционерското друштво.

Од таму додаваат дека купувачот не може да биде објавен затоа што имотот не е на државата, туку на друштвото. Според регистарот на катастарски парцели, може да се види дека нов сопственик на просторот е АИМ Манагемент Доооел Скопје, компанија која се занимава со архитектура и градежништво.

АДСДП, покрај „Солунски конгрес“, во центарот на Скопје поседува уште три катни гаражи како посебни подружници – „Разловечко востание“, „Смилевски конгрес“ и „Кресненско востание“. „Солунски конгрес“ беше пуштена во употреба во 2014 како прва автоматизирана катна гаража и тогашна инвестиција од 5,5 милиони евра.

Акционерското друштво, со дозвола од Владата, го продава и деловниот простор од долниот кат, првично наменет за кафе ресторан, со површина од 666 метри квадратни. Цената засега е предвидена на околу 98 милиони денари (1,6 милиони евра).

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И

16/02/2026
Македонија

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една

16/02/2026
Македонија

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026
Македонија

„Не верувајте на шпекулации“ – Министерство за транспорт: Македонија води

16/02/2026
Македонија

Загина пешак на магистралниот пат Подмоље- Струга – го удрило

16/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60

16/02/2026
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41517
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕДЕН ЈА ТУРНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД, А ДРУГ ЈА НАПАДНАЛ И ЈА ОГРАБИЛ Прилепчанка доживеала шок

16/02/2026

59-годишната С.Д. од Прилеп додека управувала со својот велосипед, едно лице ја турнало, а друго ја нападнало физички. Во нападот

ЦЕНТАР НЕ ТОЛЕРИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: Изречени 86 казни за една недела

16/02/2026

Општина Центар продолжува со засилените контроли за воспоставување на комунален ред. Во текот на изминатата недела, комуналните инспектори и редари

Се зголемува цената на бензинот, еве колку ќе чини!

16/02/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy