
Прво место за Иџе на трката во Франција (ФОТО)
Стефановски го освои првото место на првата трка, но заврши трет во генералниот пласман во силна конкуренција и тоа е одличен старт за македонскиот автомобилист.
Оваа трка традиционално е првата страница на Европскиот шампионат, а за истата беа пријавени 190 натпреварувачи од кои Иџе е единствениот Македонец.