Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРВИОТ ФИНАНСИЕР ФАТМИР БЕСИМИ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА ТОП 50 НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ОД РЕГИОНОТ – тој е единствениот политичар од државава на списокот
Економија

ПРВИОТ ФИНАНСИЕР ФАТМИР БЕСИМИ СЕ НАЈДЕ НА ЛИСТАТА НА ТОП 50 НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛУЃЕ ОД РЕГИОНОТ – тој е единствениот политичар од државава на списокот

02/02/2024

AA

Според рангирањето на Блумберг Адриа, министерот за финансии Фатмир Бесими е единствениот политичар од државава кој се најде на листата Топ 50 највлијателни луѓе во регионот. 

Номинацијата за да се најде на овој список всушност му ја донесе издавањето на граѓански обврзници. 

Како што е познато, Министерството за финансии токму под раководната палка на Бесими, на два пати организираше аукции на двегодишни граѓански обврзници, преку кои граѓаните во оваа државна хартија од вредност која е многу сигурна и исплатлива, вложија околу 40 милиони евра. 

Исто така, Бесими беше иницијатор и за издадените зелени обврзници, но и структурни обврзници, со кои на неколку општини им се помогна да ги подмират своите достасани обврски. 

 „Сите овие инструменти се вистинско освежување на македонскиот пазар на хартии од вредност, кој досега беше доста монотон. Со издавањето на граѓанските обврзници, македонското Министерство за финансии беше пример и за некои поразвиени пазари на капитал од регионот што не се вклучија во проширување на понудата за граѓаните. Фатмир Бесими затоа ја прими Годишната награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност, која на Министерството за финансии му ја додели Македонската берза, се наведува во образложението на „Блумберг Адрија“ .

„Ние во Блумберг Адрија на развојот на финансиските пазари во регионот гледаме со посебно внимание, тоа е исклучително важно прашање, кое е дел од севкупниот развој на земјите. Затоа секоја новина е за поздравување и во иднина очекуваме нов квалитет во секоја економска област во земјава. Ние сме овде да работиме економијата и финансиите да бидат клучна тема за дебата“, изјавила за Сител Александра Томиќ, главна уредничка на „Блумберг Адрија“ дигитал. 

Всушност, секоја од регионалните дирекции на Блумберг Адриа, односно српската, хрватската, словенечката, босанската и македонската – номинирале свои кандидати во пет категории: бизнис, финансии, технологија и наука, спорт, забава, или вкупно над 140 кандидати. Потоа се гласало, и на листата Топ 50 се нашле номинираните со најмногу гласови меѓу сите редакции. 

На листата, покрај министерот Бесими, се нашле уште девет успешни Македонци, кои имаат посебни достигнувања во својата област. 

Како штѕо пишуваат од Блумберг, секторот што најдобро ја искористи својата позиција во тие услови е секако банкарскиот сектор. 

„Банките во регионот Адрија беа најголеми добитници минатата година, додавајќи неверојатни профити во своите биланси. Заедно со банкарите, едно од централните места на листата Топ 50 највлијателни луѓе од регионот Адрија, која се составува втора година по ред, зазедоа и деловните луѓе што не бараа изговор во геополитичките или други околности и постигна забележителни резултати. Има и политичари што сигурно ќе ја обликуваат бизнис-климата во 2024 година, бидејќи практично во сите земји од регионот се одржуваат избори“, велат оттаму. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

31 пожар за едно деноноќие – сѐ уште активен пожарот

04/09/2026
Македонија

Поскапе меѓуградскиот превоз, до 11.000 денари месечно за патување до

04/09/2026
Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село

03/09/2026
Македонија

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра,

03/09/2026
Македонија

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13,

03/09/2026
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45444
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

31 пожар за едно деноноќие – сѐ уште активен пожарот кај Грачани

04/09/2026

Во текот на изминатото деноноќие низ земјава биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи

Поскапе меѓуградскиот превоз, до 11.000 денари месечно за патување до работа

04/09/2026

Група граѓани и редовни патници покренаа петиција „За фер цени на меѓуградскиот превоз“, откако од 1 септември биле зголемени цените

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село Огут и српско Калово

03/09/2026

По повод Денот на независноста, 8 Септември, жителите од пограничните региони на Македонија и Србија повторно ќе можат традиционално да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy