Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Проверете дали сте во избирачкиот список, од денеска почна јавниот увид
Македонија

Проверете дали сте во избирачкиот список, од денеска почна јавниот увид

23/08/2025

AA

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денес започна јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае до 11 септември на полноќ. Државната изборна комисија (ДИК) ќе го заклучи и потпише Избирачкиот список најдоцна на 3 октомври.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги повика граѓаните во периодот од 23 август до 11 септември да извршат проверка на своите податоци во подрачните одделенија на Комисијата. Одделенијата ќе работат секој ден од 8 до 20 часот, вклучувајќи викенди и празници, а на последниот ден ќе бидат отворени до полноќ.

Секој граѓанин кој ќе забележи неправилност може писмено или електронски да поднесе барање за запишување, промена или бришење на податоци, со приложување на соодветни докази. ДИК е должна да донесе одлука по секое барање во рок од 24 часа, а против одбивачко решение граѓаните можат да поднесат тужба до Управниот суд, кој одлучува во рок од еден ден.

Увид во Избирачкиот список е овозможен и за лицата кои се во затвор или притвор, преку органите надлежни за извршување санкции.

Политичките партии имаат право да побараат копија од Избирачкиот список до 11 септември, а ДИК ќе им го достави најдоцна до 14 септември. Партиите потоа, до 19 септември, можат да поднесат барање за промени, на кое Комисијата е должна да одговори во рок од три дена.

Покрај тоа, во рокот до 18 септември, податоци за нови полнолетни лица, затвореници и лица во установи за згрижување ќе достават МВР, Министерството за социјална политика и основните судови.

Оконечениот Избирачки список со сите извршени промени ќе биде заклучен на 26 септември, а финално потпишан од ДИК најдоцна на 3 октомври.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy