Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОТЕСТ НА КОСОВСКИТЕ СРБИ: Не сакаат да се отвори мостот на Ибар
Регион

ПРОТЕСТ НА КОСОВСКИТЕ СРБИ: Не сакаат да се отвори мостот на Ибар

07/08/2024

AA

Србите на Косово денеска протестираа и бараат да не се отвори мостот на Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина. 

Косовските Срби на денешниот протест во Северна Митровица со акламација побараа да не се отвора мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужниот дел, населен со мнозинство Албанци, и северниот дел на Митровица, населен со мнозинство Срби. Tие бараат КФОР да ги заштити.

На протестот беа истакнати транспаренти со пораките: „На мостот го браневме опстанокот, сега го браниме исчезнувањето!“, „Ако Курти го отвори мостот, КФОР и Квинта ќе бидат одговорни за сé!“ и слични.

На насобраните граѓани на протестот што се одржа во близина на мосотот на Ибар им се обрати поранешниот претседател на судот во Митровица, Никола Кабашиќ, кој ги повика граѓаните Срби, исто како денеска, и во иднина да ги уриваат одлуките на, како што ја нарече општинската власт, „принудната управа“ во Северна Митровица.

Косовскиот премиер Албин Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент.

Курти вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи.

Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
Македонија

ГОЦЕ НАУМОВСКИ Е НОВ УСТАВЕН СУДИЈА Одлуката за новиот член

18/02/2026
Македонија

Николоски: Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме

18/02/2026
Македонија

Паднати дрвја и навалени бандери низ Гази Баба: Се санирааш

18/02/2026
Македонија

Роботи, одела, детектори, камери, рендген апарати: САД донираше опрема од

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41634
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една лента

18/02/2026

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред наплатната станица Сопот од 21.00 часот се одвива

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на ВЛЕН

18/02/2026

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВЛЕН, во настап на ТВ21, зборуваше за спојувањето на ВЛЕН во партија и

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат Скопје – Велес!

18/02/2026

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред Н.С, Сопот од 21.00 ч

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy