
ПРОСЕЧНА ПЛАТА НАД 4.500 ЕВРА И РАЈ ЗА МЕДИЦИНСКИ КАДРИ: Каде се селат дури и богатите Финци?
Кога станува збор
за високи стандарди, егзистенцијална негрижа, но и квалитетно воспитување и
создавање семејство – Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорни
земји.
Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка
ја сочинуваат ултра богатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и
Финска.
Не само луѓето од Балканот и граѓаните на
помалку развиените земји, придобивките од тоа што ги нуди Норвешка ги препознаваат и другите богати држави: сè
повеќе Финци сега се преселуваат во Норвешка во потрага по подобра заработка.
Според сегашните податоци, заклучно со вториот квартал од
2023 година, просечната плата во Норвешка изнесува 54.000 круни месечно или
околу 4.650 евра.
Претходно посакувана
дестинација на Финцитебила Шведска, но тоа веќе не е така, се вели во соопштението на
советодавната служба на Нордискиот совет на министри.
Миграцијата на Финците во Норвешка, каде што со текот на
годините емигрирале околу 400 до 500 луѓе, генерално беше многу помала во
споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.
Сепак, „сега Норвешка им е многу поинтересна поради
подобрите плати“, се вели во соопштението што го пренесе финската агенција STT.
„Трендот е особено изразен кај медицинските сестри, додека,
во исто време, Финска се соочува со недостиг на кадар во здравствениот сектор.
Речиси илјада регистрирани медицински сестри во Финска беа избришани од
националниот регистар минатата година.
Честа причина за напуштање на професијата, според органот за
лиценцирање Валвира, било незадоволството од моменталната состојба во секторот.
Според истражувањето на финскиот јавен сервис Yle, минатата година капацитетите
на болничките одделенија низ Финска биле намалени, а некои дури и затворени,
токму поради недостигот на овој кадар.

