Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско, во Битолско пронајдена американска авионска бомба од Првата светска војна
Македонија

Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско, во Битолско пронајдена американска авионска бомба од Првата светска војна

14/04/2025

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 680 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 65,65%, а 34,35% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 65,33%, кон Итната медицинска помош 25,94%, а кон пожарникарите 4,25%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Инаку, имало 596 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“.

Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Имало 10 пожари на отворено во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

За неексплодирани убојни средства (НУС) известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна нива во близина на „Еко Флор Плус“ во с. Боговиње. Веднаш по примањето на пријавата, вработени од Полициската станица Камењане пристигнале на местото. Известени беа и ДЗС Тетово за случајот, а преку консултација со надлежните органи, беше утврдено дека за отстранување на рачните бомби ќе пристапат специјализирани лица од Куманово. Поради стемнувањето, акцијата е одложена за денеска, при што местото е привремено обезбедено од страна на ПС Камењане, додека не се отстранат рачните бомби. (Општина Боговиње).

РЦУК Битола, ја пренесува информацијата од пиротехничар од ДЗС дека на вчера, 13.04.2025 година има подигнато авионска бомба со 154 калибар (од американско производство) од Првата светска војна. Бомбата е безбедно, отстранета, подигната во 11.45 часот во с. Армаруш (Општина Новаци)

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од

07/09/2026
Македонија

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000

07/09/2026
Македонија

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на македонско-косовската граница е ставен под контрола

07/09/2026
Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради музичкиот настап во

07/09/2026
Македонија

Груби со насмевка на судење: Поранешниот вицепремиер не се чувствува

07/09/2026
Македонија

Горивата повторно поскапуваат – ова се новите цени

07/09/2026
Македонија

Утре голем концерт во Скопје: Еве што не смеете да

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45521
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од претходната

07/09/2026

Скопје ќе добие значително повеќе опрема за собирање отпад, откако е потпишан договорот за набавка на 3.300 нови контејнери. Станува

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000 грла

07/09/2026

Состојбата со сипаниците кај овците и натаму е сериозна, а надлежните служби регистрираат нови ризични подрачја и преземаат мерки за

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026

Повеќе случаи на семејно насилство се регистрирани во изминатото деноноќие во Охрид, Струга и Скопје. Во еден од случаите, насилството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy