
Пронајдена марихуана, пиштол и куршуми – приведени три лица
На 27/28.02.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(31), С.Ј.(48) и Н.М.(31), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, пиштол и 13 куршуми.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
