Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА СО ПАД ОД 26,7 ПРОЦЕНТИ – еве кои сектори имаат најголемо намалување
Економија

ПРОМЕТОТ ВО ИНДУСТРИЈАТА СО ПАД ОД 26,7 ПРОЦЕНТИ – еве кои сектори имаат најголемо намалување

12/07/2024

AA

Прометот во индустријата во мај годинава во споредба со истиот месец минатата година има пад од дури 26,7 проценти. Ова го покажуваат најновите податоди на Државниот завод за статистика кои открија дека индексот на прометот во индустријата изнесува 73.3.

– Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,6 отсто, Капитални производи за 43,2 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 проценти – се наведува во соопштението на ДЗС.

Притоа додаваат дека индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 93.1. Ова покажува дека на домашен терен, падот на прометот во индустријата не е толку голем, поточно има намалување од 6,9 проценти. 

– Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи  опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,7 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 18,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6,1 процент – се додава во соопштението на ДЗС.

Од друга страна, прометот на индустријата на странските пазари во месец мај годинава е намален за 31,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година, бидејќи индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, изнесува 68.2.

– Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2024 година, во однос на мај 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,2 проценти, Капитални производи за 44,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,4 проценти, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,5 отсто – се додава во соопштението на ДЗС.

Статистичарите исто така посочуваат дека индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, изнесува 95.8, што значи дека има пад од 4,2 отсто. Додека во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на периодот јануари – мај 2023 година, индексот на прометот на индустријата на странските пазари изнесува 83.9 или бележи пад од 16,1 отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy