
Проклетството Кејн и натаму удира: Баерн заврши трет, нема шанси да игра ни во Суперкупот
Тоа е најлош пласман на баварскиот гигант во домашното првенство од 2011 година, но тука има и друг проблем. Баерн сега нема шанси да игра во германскиот Суперкуп каде најверојатно ќе настапеше ако го освоеше второто место. Ако Баер во финалето од Купот го победи Кајзерслаутерн, во Суперкупот ќе се сретнат новиот шампион на Германија и второпласираниот од Бундеслигата – Штутгарт.
Сево ова значи дека Хари Кејн ќе пропушти уште една шанса да дојде до трофеј, односно ќе мора да чека барем до крајот на идната сезона за евентуално да го освои првиот првиот пехар во кариерата.