Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ВО РИКВЕРЦ: Од 2010 година ЕСМ со континуиран пад – кризата поттикна инвестиции, но дали се доволни?
Економија

ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ВО РИКВЕРЦ: Од 2010 година ЕСМ со континуиран пад – кризата поттикна инвестиции, но дали се доволни?

04/05/2023

AA

Енергетската
криза го поттикна домашното производство на електрична енергија, но сепак не е
доволно да го врати производството на ниво од пред десет години. По
значителниот пад на производството кое од година во година се намалуваше,
минатата година за прв пат има раст на производството.

– Во Македонија во 2022 година, во
електропреносниот и електродистрибутивниот систем се влезени вкупно 9.421 гигаватчаса, од кои 5.639 гигаватчаса енергија е произведена од домашните
производители, што е за 6,60 отсто повеќе отколку во 2021 година, или во 2022 година произведени се 349 гигаватчаса електрична енергија повеќе во
споредба со 2021 година – се наведува во Годишниот извештај за 2022 година на
Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Сепак, како што
покажуваат деталите од извештајот на РКЕ, домашното производство споредено со
претходните десетина години има значително намалување.

– Значителен пад на вкупното домашно
производство, односно од 6.744 гигаватчаса во 2010 година до 5.634 GWh во 2022 година, со најмало производство на
електрична енергија во 2020 година, кога истото изнесувало 5.128 гигаватчаса. Најголемо влијание врз ова
намалување има производството на ЕСМ Скопје, кое во 2022 година изнесува 3.755 гигаватчаса, и е за 2.722 гигаватчаса помало од 2010 година кога
изнесуваше 6.476 гигаватчаса
. Во анализираниот 13годишен период, производството на ЕСМ е најмало во 2021 година и споредено со производството во 2010
година е помало за 50 отсто. ЕСМ почнувајќи од 2014 година произведува енергија
под 5.000 гигаватчаса годишно, додека во тригодишниот период (2020-2022) година
просечното годишно производство е под 4.000 гигаватчаса – се појаснува во
извештајот

Во производството на електрична
енергија во 2022 година најголемо учество имаат термоелектроцентралите со 53,85 отсто, па хидроелектроцентралите со 24,80 проценти, комбинираните постројки 17,17 отто, па сите останати со 4,18 проценти. 

Намалување на производството има и кај хидроелектроцентралите кое зависиод хидролошките услови,и во изминатиот тринаесетгодишен период варира од
максималните 2.185 GWh во 2010 година, па сè до минималните 816 GWh во 2017
година.

– Во последните 12 години не е достигнато
производството на енергија од 2010 година, иако во 2012 година започнува со
работа и хидроелектроцентралата „Света Петка“ – се
појаснува во извештајот.

Реулаторите
утврдиле дека во 2021 година е
забележан историски пад на производството на електрична енергија од
термоелектроцентралите на ниво од 2.078,3 гигаватчаса, од кои термоелектроцентралите во РЕК
Битола произвеле само 1.864,4 гигаватчаса електрична енергија, што претставува 44,5 отсто од производството на електрична
енергија во 2011 година
кога тоа било и најголемо во изминатиот период од
тринаесет години.

Во 2022 година состојбата се подобрува
и производството во РЕК Битола изнесува 2.354 гигаватчаса што е сепак под просекот во изминатиот
тригодишен период. Од друга страна утврдено е дека ТЕЦ Осломеј бележи значително
зголемување на производството на електрична енергија во 2021 година и 2022
година во однос на периодот 2013 – 2020 година.

– Во 2022 година ТЕЦ Осломеј има произведено
267 гигаватчаса, за 25 отсто повеќе од 2021 година, односно
2,8 пати повеќе од 2020 година
. Просечното производство на електрична енергија
на ТЕЦ Осломеј во период 2013-2020 година изнесува 102,15 гигаватчаса. Најниско производство на електрична
енергија во ТЕЦ Осломеј имало во 2016 година од само 26,8 гигаватчаса. Причините за намалување на
производството во термоелектроцентралите се многубројните дефекти и зголемениот
број на прекини во работата на РЕК Битола, намалување на ископаните количества
на квалитетен јаглен
, приближување кон крајот на животниот век на
термоелектроцентралите и несоодветните инвестиции, намалување на ефикасноста во
работењето. ТЕЦ Осломеј во последните години има многу мало производство на енергија,
пред сè поради тоа што целокупните резерви на јаглен во РЕК „Осломеј“ се веќе
искористени. Зголемувањето на производството во 2021 година и 2022 година се
должи на набавка на јаглен од надворешни испорачатели – се наведува во
извештајот на РКЕ.

Регулаторите
потенцирале дека иако производството на енергија во АД ЕСМ во последните две години е повеќе од
преполовено,снабдувањето во 2022 година беше континуирано поради активирање на ТЕЦ
„Неготино“ и интерконективните врски со соседните електропреносни системи. Потсетуваат дека
во декември 2021 година
беше пуштена во работа ТЕЦ „Неготино“, која користи мазут како примарно гориво
за производство на енергија и која работеше и во 2022 година. Според нив, пуштањето во работа на ТЕЦ „Неготино“ е економски оправдано затоа што
произведената енергија од мазут беше пониска од берзанските цени на електричната
енергија во поголемиот дел од 2022 година.

Петранка
Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување

08/04/2026
Македонија

Аудиоснимка од 112: Ивана пријавила дека дома и се чува

08/04/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР ПО 13 ГОДИНИ ДОБИЈА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

08/04/2026
Македонија

Конечно: Универзална почнува да се гради!

08/04/2026
Македонија

Разбиена нарко мрежа, Јанев: Повеќедецениски наркобосови веќе не се на

08/04/2026
Македонија

Акциска контрола на Мобилната единица на МВР, пет лица приведени,

08/04/2026
Македонија

МОН за првпат обезбеди учебник по „Јазик и култура на

08/04/2026
Македонија

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ГИ ОСУДИ ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНИТЕ ПРОТЕСТИ НА СТУДЕНТИТЕ Препорака

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42242
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработените во „Комуналец“ Гостивар по 13 години добиваат здравствено осигурување

08/04/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска дадоа изјава за медиуми

Аудиоснимка од 112: Ивана пријавила дека дома и се чува дрога и сопругот не ја

08/04/2026

Аудиоснимка од Центарот за итни случаи 112, презентирана како доказ во судница, открива вознемирувачки детали од комуникацијата на сега починатата

ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОМУНАЛЕЦ ГОСТИВАР ПО 13 ГОДИНИ ДОБИЈА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ Исправена е долгогодишна системска неправда

08/04/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска соопштија дека е најдено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy