Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Проект за развој на 11 општини поддржани од ЕУ и Француската Амбасада
Македонија

Проект за развој на 11 општини поддржани од ЕУ и Француската Амбасада

10/02/2024

AA

11 општини од Вардарскиот и Југоисточниот плански регион со поддршка на ЕУ започнуваат иницијатива за формирање на „Организација за управување со дестинација“ (ОУД) и се поврзуваат со донатори, граѓански организации и приватни компании со цел развивање на висок потенцијал за различни видови туристички активности, како што се вински и културен туризам, пешачење, велосипедизам, риболов, здравствен туризам и многу повеќе.

Целокупната активност се спроведува во рамки на Програмата „ЕУ за општините“ која е финансирана од страна Европската Унија.

Досега, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион имаат добиено разновидна поддршка од повеќе донатори за теми поврзани со развојот на туризмот. Регионот беше дел од проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРК) финансиран од Европската Унија (ЕУ).

Извештајот за евалуација на проектот ја нагласува важноста од формирање на регионална „Организација за управување со дестинација“ (ОУД) во овој регион за да се зголеми неговата видливост на национално и меѓународно ниво и да се искористат синергиите меѓу локалните актери.

Делегацијата на ЕУ во земјата нуди продолжување на поддршката за оваа иницијатива преку Програмата „ЕУ за општините“. Тоа вклучува експертиза за организациона поставеност (статути, описи на работни места, акционен план, буџетско планирање итн.), финансирање студиски патувања или практикантство во регионите во земјите-членки на ЕУ, градење капацитети за персоналот, поврзување со организации и институции во земјите членки на ЕУ, во рамки на проектните услови и буџет.

Француската амбасада, од своја страна, ќе понуди поврзување и можно збратимување со региони во Франција. Регионот Алзас е подготвен да биде домаќин на студиско патување и да понуди дополнителни практикантски програми со цел градење на капацитетите на ОУД на Вардарскиот и Југоисточниот плански регион.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛЕН БАРА ИСТРАГА ЗА ТРАНСАКЦИИ ВО АЛТА БАНКА НА ФИРМА

11/11/2026
Македонија

ШТО МОЖЕ И ШТО СМЕЕ ДА СТОРИ ПРЕМИЕРОТ ВО СЛУЧАЈОТ

11/11/2026
Македонија

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

11/11/2026
Македонија

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се

11/11/2026
Македонија

ЗА НАБАВКА НА ТЕРМИНАЛИТЕ БИЛЕ ПЛАТЕНИ 9,69 МИЛИОНИ ЕВРА На

11/11/2026
Македонија

ВНИМАНИЕ, ПАК СЕ ШИРАТ ЛАЖНИ КАЗНИ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Полицијата

11/11/2026
Македонија

СЕ ОБИДУВАЛА ДА ЗАПАЛИ ОГАН СО БЕНЗИН, ПА СЕ ЗАПАЛИЛА

11/11/2026
Македонија

ИЗБЕГНАЛЕ ДАНОК ОД НАД 377.000 ЕВРА Подигале пари од фирма,

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46729
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛЕН БАРА ИСТРАГА ЗА ТРАНСАКЦИИ ВО АЛТА БАНКА НА ФИРМА БЛИСКА ДО АХМЕТИ Да се

11/11/2026

Денеска јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската

ШТО МОЖЕ И ШТО СМЕЕ ДА СТОРИ ПРЕМИЕРОТ ВО СЛУЧАЈОТ „АЛТА БАНКА“ Мицкоски не седи

11/11/2026

Гувернерот на макдонската  централна банка, Трајко Славески, смета дека справувањето со банкарските кризи, како актуелната во случајот “Алта банка” бара

ВО ПОПРАВЕН ДОМ СЕ УПАТЕНИ ЧЕТИРИ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Казнети се за малтретирање 13-годишно

11/11/2026

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров им е изречена мерка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy