Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжуваат позитивните резултати на Реплек АД – раст на приходите во сегментот фармација од 32% во првата половина на годината
Македонија

Продолжуваат позитивните резултати на Реплек АД – раст на приходите во сегментот фармација од 32% во првата половина на годината

12/07/2023

AA

Јакнењето на позициите и освојувањето на нови извозни пазари го продолжија растот на приходите на „Реплек АД“. Во првите шест месеци од годинава компанијата оствари раст на вкупните приходи во сегментот фармација од 32%. Најголем удел во растот има продажбата на странски пазари, каде растот изнесува над 40% во споредба со истиот период од минатата година, а раст има и на домашниот пазар.

„Резултатите од нашето работење во првата половина на годината се потврда за нашата стратегија која за компанијата, акционерите и за општеството во целина носи позитивни резултати. Квалитетот и потенцијалот на нашето портфолио ја зајакнува позицијата на компанијата на пазарите, што е резултат на зголемувањето на нашата конкурентност, на која работиме во континуитет. Внатрешните промени на кои бевме посветени имаа за цел создавање модерна компанија, чие портфолио ќе ги следи промените на пазарот. Работиме на развој на нови иновативни пристапи кои во иднина ќе донесат уште подобри резултати, а досега постигнатото е потврда за нашите досегашни одлуки“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“.

Растот на продажбата остварен во првите шест месеци е продолжение на нагорниот тренд што компанијата го оствари и во текот на минатата година. Тогаш, и покрај енергетската криза и отежнатиот пристап на пазарите, „Реплек АД“ оствари раст од7%.

Минатата година „Реплек АД“ ја претстави својата нова извозна стратегија, која се темели на јакнење на позициите на странските пазари и освојување нови. Дури 82% од портфолиото се пласира на пазарите во повеќе од 20 земји, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар. Компанијата е присутна на пазарите во Европската унија, регионот Адриа, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија. Некои од производите од фармацевтската програма на компанијата се едни од најпродаваните на одделни пазари, што е дополнителна потврда за квалитетот и висока конкурентност на глобално ниво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy