Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжени роковите за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук
Македонија

Продолжени роковите за замрзнување на цените на одредени видови овошје и зеленчук

28/04/2023

AA

Владата на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.

Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски цени, од 30 април 2023 година, до 31 мај 2023 година, на одреден дел од овошјето и на зеленчукот и тоа во висина:

– до 95 денари за килограм свежи домати,
– до 95 денари за килограм свежи краставици,
– до 70 денари за килограм кромид,
– до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
– до 95 денари за килограм грав,
– до 110 денари за килограм леќа,
– до 75 денари за килограм банани,
– до 60 денари за килограм портокали,
– до 65 денари за килограм мандарини и
– до 60 денари за килограм лимони.

Имајки предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените сѐ уште не се стабилизирани, според образложението од предлагачот, Министерството за економија, има потреба од измена на Одлуката, со којашто рокот на примената на највисоките утврдени цени за горенаведените производи се продолжува до 31 мај 2023 година.

Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Со Одлуката, се продолжува рокот од 30 април 2023 година на 31 мај 2023 година, до кога трговците кои претставуваат правни и физички лица, регистрирани за вршење трговска дејност, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови овошје и зеленчук, да прибавуваат и да продаваат најмалку 70% од определени видови овошје и зеленчук, односно: свежи домати, свежи краставици, кромид, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45786
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка

24/09/2026

Вчера во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода  Ј.Ј.(44) од Скопје. Според пријавеното, по претходна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy