Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведени седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење
Македонија

Приведени седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење

14/04/2025

AA

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61).

За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2).

На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од с.Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час.

На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“  со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Исто така, кај наплатната станица Желино од слобода бил лишен А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час.

На автопатот Скопје-Тетово, кај местото „Студена вода“ од слобода бил лишен В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди“  со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час.

Додека, на патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТРАНСКА СЛУЖБА ЛАНИ ЈА ИЗВЕСТИЛА АНБ ДЕКА НА ГРУБИ МУ

28/02/2026
Македонија

АКО ГРУБИ ПРОЗБОРИ, ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ЌЕ СЕДНАТ НА ОБВИНИТЕЛНА

28/02/2026
Македонија

Приведен 64-годишник од Куманово: Управувал возило со 3,08 промили алкохол

28/02/2026
Македонија

Муцунски и Саʼар за безбедноста на Блискиот Исток: Мирот останува

28/02/2026
Македонија

11 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ Ќе нема летови

28/02/2026
Македонија

Приведен 33-годишен скопјанец – во возилото пронајдени две малолетнички

28/02/2026
Македонија

ПОЧИНА ХИРУРГОТ И ПРОФЕСОР ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Докторот ѝ беше сопруг

28/02/2026
Македонија

Формиран кризен штаб во МНР – се следи состојбата на

28/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42073
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТРАНСКА СЛУЖБА ЛАНИ ЈА ИЗВЕСТИЛА АНБ ДЕКА НА ГРУБИ МУ СЕ ЗАКАНУВА ЛИКВИДАЦИЈА Обвинителството со

28/02/2026

Три службени белешки кои по автоматизам од МВР стигнале до Јавното обвинителство се клучните аргументи за обвинителот Даниел Коцев да

АКО ГРУБИ ПРОЗБОРИ, ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ЌЕ СЕДНАТ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ

28/02/2026

  СДСМ беше сојузник на криминалот на Груби, затоа денеска толку силно го бранат, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране

Приведен 64-годишник од Куманово: Управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта

28/02/2026

Денеска (28.02.2026) во 15:30 часот на локалниот пат Куманово- с.Речица, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy