Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведени четири лица за пожарот во Труберево, Мицкоски одговорност од Меџити нема да бара
Македонија

Приведени четири лица за пожарот во Труберево, Мицкоски одговорност од Меџити нема да бара

14/09/2025

AA

Истрагата за пожарот во фабриката за рециклирање во Трубарево доби драматичен пресврт, откако премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека четири лица се приведени во врска со случајот. Истовремено, тој најави дека како мерка на претпазливост, сите жители кои се наоѓаат во непосредниот периметар на пожарот ќе бидат евакуирани и згрижени.

При денешната посета на Трубарево, премиерот се обиде и да ја смири загриженоста на јавноста околу загадувањето. „Последните мерења што ги прават и Армијата и Институтот за јавно здравје велат дека немаме вонредно големо загадување. Ако вчера беше на мерна единица помеѓу осум и девет, сега е меѓу пет и шест. Повторно има загадување, но не е вонредно големо. Зборувам во периметар од 100 метри околу местото каде што се случи пожарот“, изјави Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да ги следат препораките од институциите и порача дека нема потреба од паника, бидејќи работата е „целосно под контрола“.

Премиерот, исто така, застана во одбрана на министерот за животна средина, Изет Меџити, по обвинувањата дека тој бил на партиски активности додека траела кризата. „Со Меџити бев цело време на линија и јас вчера. И тој беше на линија со сите министри и Управувачкиот комитет, така што буквално сите мерки беа преземени во текот на вчерашниот ден. И денеска ќе бидат преземени и во деновите што следат“, рече Мицкоски, отфрлајќи ги критиките.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy