
При ископ во скопско Илинден пронајдени човечки коски!
На 23.07.2024 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека при изведување градежни работи – вршење на ископ во општина Илинден, биле пронајдени човечки коски. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.