Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Превработеноста во „Национални шуми“ се намалува откако претходно предизборно се зголеми
Економија

Превработеноста во „Национални шуми“ се намалува откако претходно предизборно се зголеми

25/06/2025

AA

Звучи чудно за македонски услови, но јавното претпријатие „Национални шуми“, еден од најголемите работодавачи во земјата, во текот на минатата година успеало да ја намали превработеноста за околу 150 работници на неопределено време.

Ваквиот потег следува откако претходно на крајот на 2023 беше одобрено вработување на 411 работници на неопределено време, за кои подоцна се испостави дека е несоодветен стручен кадар. Во меѓувреме бројот на вработени се зголеми на над 1.700 работници, но на крајот на минатата година тој се намалил на 1.586 вработени.

Во годишниот извештај за работењето на јавното претпријатие сепак загрижувачки е тоа што се вели дека 150-темина заминати се потребни работници кои претходно работеле на продуктивни позиции.

– Со оглед на големиот одлив на вработени од клучни работни позиции кои се носечки на дејноста во Јавното претпријатие се соочување со големи проблеми во редовното функционирање и извршување на работите од дејноста и се доведува во прашање сигурноста во давањето на услугите, континуитетот и квалитетот на услугите, коментираат од „Национални шуми“ во извештајот.

Понатаму пишува дека за редовното работење постои реална потреба од профили како шумарски инжинери, шумарски техничари, економисти и ракувачи со градежни машини, како и шумочувари. 

Дека ова е така потврдуваат бројките кои велат дека за околу 15 отсто е намалена сечата, иако поголемиот дел од производството се должи на надворешни соработници, а исто така за овој процент е намалена и продажбата на дрво.

Трошоците за вработените во текот на 2024 се намалени за 4 отсто, односно на 14 милиони евра, што е редок феномен во јавниот сектор во државата.  За иплата на бруто плати биле потрошени 13,45 милиони евра, односно половина милион евра помалку, со што е прикажано намалување за 3 отсто во 2024.

Сепак, треба да се каже дека не се работело целосно самофинансирачки, бидејќи јавното претпријатие во август лани добило државна помош од 250 милиони денари од буџетот за исплата на плати на вработените.

Загубата што е прикажана на крајот на годината е нешто помала од 1 милион евра.

А.К.

/faktor.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy