Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претставник на „ММММ КАФЕ“: Обвинението е конфузно, не се знае кој бил одговорен за клубот „Пулс“
Македонија

Претставник на „ММММ КАФЕ“: Обвинението е конфузно, не се знае кој бил одговорен за клубот „Пулс“

25/12/2025

AA

Претставникот по службена должност на правното лице „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани, сопственик на кабарето „Пулс“, денеска упати сериозни критики кон новиот интегриран обвинителен акт. Според одбраната, обвинението е правно неодржливо, непрецизно и оневозможува праведна одбрана поради низа суштински недостатоци.

Главниот адут на одбраната е дека обвинителството не успеало да ги индивидуализира дејствијата на обвинетите. Наместо јасна слика, актот нуди „претпоставки и интерпретации“ кои не ги задоволуваат основните правни стандарди.

Одбраната посочува дека во обвинението воопшто не се идентификувани одговорните лица преку кои би можела да настане одговорност за самата фирма. Нејасно е кој управувал со подружницата во Кочани и дали таа воопшто постоела во целиот период опфатен со истрагата.

„Обвинителниот акт опфаќа огромен временски период, од 2012 до 2025 година, без притоа да се утврди кога е основана подружницата ‘Пулс’ и дали таа постоела во тој конкретен период. Доведени сме во ситуација да не можеме да утврдиме која точка од обвинението се однесува на правното лице“, истакна претставникот на „ММММ КАФЕ“.

Друга клучна забелешка е вклучувањето на физички лица во дејствијата на фирмата, иако тие немале никаква формална поврзаност со управувачката структура на „ММММ КАФЕ“. Одбраната тврди дека одговорноста на фирмата не може да произлегува од „заеднички дејствија“ на лица кои не се одговорни во тоа правно лице.

„Обвинителниот акт не дава јасна слика за соизвршителството. Не е наведено кој какви дејствија преземал или не преземал, ниту според кои точно прописи не постапил“, додаваат од одбраната.

Поради овие нејасности, одбраната смета дека е објективно оневозможена да се брани од конкретните наводи. Тие предупредуваат дека ваквото „непрецизно обвинение“ директно го повредува правото на фер и правична постапка и може да доведе до погрешна судска пресуда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44853
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само еден, четири се под контрола

04/08/2026

На територијата на државата заклучно со 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, активен е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy