Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претставници на ОБСЕ дел од работилницата на Локалниот совет за превенција во Берово
Македонија

Претставници на ОБСЕ дел од работилницата на Локалниот совет за превенција во Берово

01/03/2023

AA

Општина Берово е една од ретките општини во државата каде успешно функционира Локалниот Совет за превенција, кој делува во насока на подобрување на квалитетот на живот во заедницата, со вмрежување на сите клучни субјекти. Ова е главниот заклучок по одржаната работилница во рамки на 4-тата седница на Локалниот совет за превенција на која присуствуваа претставници на одделот за развој на полицијата во ОБСЕ.

– Со присуство на претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ, денеска во Берово, ја одржавме 4-тата седница на Локалниот совет за превенција. На средбата присутни беа претставници од Одделот за развој на полицијата во ОБСЕ со кои се разговараше за веќе реализираните активности и се сумираа заклучоци, со насоки за преземање на следни активности. Претставниците од ОБСЕ, споделија свои искуства и позитивни практики, како и совети за јакнење на капацитетите на ЛСП, како важен сегмент во делот на превенција , истакнаа од Општината.

Локалниот совет за превенција како што додадоа има за цел зајакнување на полициската ефикасност, унапредување на безбедноста во заедницата и подигнување на нивото на сигурност на граѓаните.

– Целта на Локалниот Совет за превенција кој беше контитуиран кон крајот на минатата година, се состои во изградба на заеднички препораки за подобрување на јавната безбедност на подрачјето на Општина Берово, како и градење на доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, додадоа од Општината.

Локалниот Совет за превенција како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски е една од најпрепознатливите алатки за развивање и градење на концептот полициско работење во заедницата, особено во локалната самоуправа и според него значително помага за градење доверба и за подобрување на партнерството помеѓу институциите, локалната самоуправа и граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41499
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy