Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседавачот Османи лансираше процес за нов Стратешки концепт на Повелбата
Македонија

Претседавачот Османи лансираше процес за нов Стратешки концепт на Повелбата

28/03/2023

AA

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба во Скопје се одржа првиот неформален министерски состанок, со кој претседаваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокус на дискусиите беа можностите за зајакнување на политичката улога на Повелбата во контекст на тековните регионални состојби и безбедносни предизвици, при што Османи  ја претстави амбициозната цел- лансирањето на процес за создавање нов Стратешки концепт на А5, како и другите приоритети на претседавањето.

“После две декади постоење, геополитичките околности во регионот и пошироко се значајно променети, а особено по актуелната воена агресија на Русија врз Украина. Дополнително, А5 во голема степен ја има исполнето иницијалната цел за која беше основана. Денес практично сите три земји основачи, дополнително и Црна Гора како подоцнежна членка на Повелбата се членки на НАТО. Оттука, нашата цел е да ја адаптираме А5 на актуелните состојби и да ја зајакнеме нејзината политичката улога во насока  на полесно справување со современите безбедносни и регионални предизвици”, истакна Претседавачот, Османи.

Воедно, Османи нагласи дека меѓу приоритетите на претседавањето со А5, се заложбите за зајакнување на координацијата меѓу земјите на Повелбата кои се членки на НАТО, поголем ангажман и вклученост на земјите од Повелбата кои не се членки на Алијансата, како и проширување на регионалната соработка за актуелни теми како справувањето со хибридни и сајбер закани, стратешки комуникации и сл.

Денешниот состанок беше заокружен со усвојување на Заедничка изјава од страна на земјите членки со две значајни пораки: поддршка за политиката на отворени врати на А5, преку подготвеност да се адресира што е можно поскоро апликацијата на Косово за членство во А5; осуда на руската воена агресија и поддршка за Украина.

САД – Јадранската Повелба претставува најважната иницијатива за промоција на евро – атлантските вредности во регионот. Покрај Северна Македонија, членки на Иницијативата се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, и Црна Гора; додека Косово, Србија и Словенија имаат статус на земји-набљудувачи. Како стратешки партнер и основа, во А5 присутни се и САД, што на оваа Иницијатива и дава посебна политичка тежина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42414
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026

Еврејската заедница во Македонија вечерва излезе со шокантна информација дека во текот на денешниот ден (12 април) бил извршен обид

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој последен ќе се смее?

12/04/2026

„Една голема шега“. Со оваа кратка, но остра оценка Емилија Стојменова Дух ја опиша актуелната политичка сцена во Словенија, отворајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy