
Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот словенечки амбасадор, Грегор Прескер
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Словенија, Грегор Прескер. Посакувајќи му добредојде во нашата земја на амбасадорот Прескер, претседателот Пендаровски го истакна задоволството од одличните билатерални односи и од успешната соработка меѓу двете пријателски земји кои се карактеризираат со перманентна меѓусебна поддршка и почитување. Претседателот Пендаровски, изразувајќи голема […]