Претседателот Пендаровски ги пречека учесниците на 36. Охридски пливачки маратон
Како покровител на Охридскиот пливачки маратон, претседателот Пендаровски денеска на целта ги пречека пливачите на 36-тиот маратон. Во машка конкуренција годинава прв до целта стигна Алесио Окипинти од Италија. Патеката долга 25 километри ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон. […]