Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“
Економија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „СПРЕЧУВАЊЕ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА И ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ СЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА КОИ ЌЕ РАБОТИ КОМОРАТА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД“

07/04/2025

AA

„Од 2005 г. до денес, кога работиме во услови на коморски плурализам, сме издале 201.667 документи од Бизнис-канцеларијата (сертификати за потеклото, АТА-карнети, потврди, препораки и мислења); сме организирале 6.732 настани, бизнис-форуми, конференции и презентации, на кои учествувале 198.302 претставници од компаниите; сме имале 1.552 меѓународни активности и сме издале 952 електронски брошури и публикации, а повеќе од 280 компании сме сертифицирале со меѓународно признание – стандарди за квалитет (ISO 9001, ISO 14001, ISO 22000, HALAL, HACCP). Комората, исто така, била домаќин на повеќе од 200 странски делегации“, изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, кој беше во улога на гостин во поткастот, во последната епизода од првата сезона на „Бизнис-клуб“.

Одговарајќи на прашањето што се крие зад строгото лице на Бранко Азески, тој истакна дека зад строгото лице на Азески се крие професионализам и напорна работа за денес Комората да стане препознатлива како најмоќна и најбројна организација во земјава и пошироко во регионот, а тој да го стекне својот прекар балкански коморски лидер. Професионализмот придонел претседателот Азески да добие Oрден за заслуги за Републиката во 2022 година, а Комората да добие Награда за дигитален шампион во мал бизнис од Светската трговска организација во 2021 година, за најдобар корпоративен сајт во државава во 2020 година, за најкомора во регионот во 2013 година и за најдобар портал во рамките на Eurochambres во 2006 година.

Во разговорот тој ги спомна и институциите што настанале во Комората во периодот од 2005 година до денес: Центарот за едукација, Советот на странски инвеститори, Националниот совет за извоз, Институтот за извоз, Клубот на извозници, Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обукитe, Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања, Центарот за циркуларна економија, Клубот 100, Бизнис-клубот „Европа“, Центарот за микро, мали и средни претпријатија и ТИМ 40, кои се формирани со цел подобрување на бизнис-амбиентот во земјава.

„Приходите пораснаа од 32 милиони денари во 2005 година на 110 милиони денари во 2024 година, а создадена е и база на професионалци кои ќе работат следниве 10 години“, потенцираше Азески.

Во продолжение на поткастот претседателот Азески ги изнесе двата проекта на кои ќе се фокусира Комората во наредниот период, а тоа се: (1) спречување на одливот на мозоци од нашата земја и (2) поддршка на извозот, што ќе придонесе за задржување на кадарот во земјава.

Во последната епизода од првата сезона на поткастот „Бизнис-клуб“ стана збор и за гледаноста на поткастот од неговото прво емитување во ноември минатата година до денес. Се покажа дека 70 % од публиката која ги гледала емисиите од поткастот се млади лица на возраст од 25 до 45 години. Тоа покажува дека со поткастот се допрело до младото работоспособно население, што беше и целта, а тоа, можеби, ќе влијае врз неговата одлука за останување во државава и за градење на професионалната кариера на домашен терен.

Вкупниот опфат на прегледи на социјалните мрежи изнесувал 300.000, што е солидна бројка во поглед на специфичната тематика на поткастите, со што беше постигната поставената цел.

Линк до видеото.

https://youtu.be/wP_8uSDfeT8?si=csGU6RaUABAi_3Xj

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy