
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГО СВИКА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Тема е безбедносната состојба во Македонија по војната на Блискиот Исток

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска Давкова за утре, 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во Македонија по најновите случувања на Блискиот Исток.
Седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно.
.
