Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претрес во фабрика за медицински канабис во Гостивар: Приведени сопственикот и вработен поради неправилности
Македонија

Претрес во фабрика за медицински канабис во Гостивар: Приведени сопственикот и вработен поради неправилности

11/04/2025

AA

На 10.04.2025, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес и вонредна контрола во правно лице кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, сопственост на А.К.(52) од Република Албанија и А.Р. од Босна и Херцеговина.

Претресот и контролата во објектот биле извршени во присуство на едниот сопственик и управител А.К. и вработениот Џ.И.(39) од Република Словенија, со постојано живеалиште во с.Горно Седларце, тетовско и притоа биле утврдени низа неправилности во однос на процесот на одгледување на растението канабис, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги, поради што постои сомнение дека производството на канабис било наменето за нелегалниот пазар.

Исто така, беше утврдено дека во две хали се врши сушење на канабис, при што во една од халите се пронајдени девет пластични буриња исполнети со готов производ – сув цвет од канабис, за кои правното лице не поседува никаква документација.
По насоки од јавен обвинител од ОЈО Гостивар пронајдениот канабис (растенијата и сувиот цвет) е одземен и предаден во Агенција за управување со одземен имот, додека сопственикот А.К. и вработениот Џ.И се лишени од слобода. По комплетирање на целокупната документација, денеска од страна на ОВР Гостивар ќе им биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-в од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО НОВА ГОДИНА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО ТРГНУВА ВО ПОТРАГА ПО БАДЕНТЕР

27/12/2025
Македонија

МАНАСИЕВСКИ МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДА НЕ СЕ КРИЕ Покажи

27/12/2025
Македонија

ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА – ЕВЗОНИ ПАК Е БЛОКИРАН Грчките земјоделци

27/12/2025
Македонија

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА МАКЕДОНЧИЊА ОД МАЛА ПРЕСПА Акција на македонски

27/12/2025
Македонија

Наместо полнолетство, марш за правда: Потресен говор на татко од

27/12/2025
Македонија

ПОЧИНА ПРОФЕСОР КИРИЛ ТЕМКОВ Беше доајен на Институтот за филозофија

27/12/2025
Македонија

Трипати повеќе гости од дозволеното: 100 евра казна за локалот

27/12/2025
Македонија

Почина Кирил Темков, професор и истакнат македонски филозоф!

27/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 39562
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО НОВА ГОДИНА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО ТРГНУВА ВО ПОТРАГА ПО БАДЕНТЕР Не е исклучена средба Мицкоски-Ахмети

27/12/2025

Обезбедувањето бадентерово мнозинство за избор на народен правобранител и за други законски решенија може да бидат повод по Нова година

МАНАСИЕВСКИ МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДА НЕ СЕ КРИЕ Покажи ги документите за работа со

27/12/2025

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче

ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН БОГОРОДИЦА – ЕВЗОНИ ПАК Е БЛОКИРАН Грчките земјоделци за денеска најавија две блокади

27/12/2025

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy